Лозинката за HBO Max не може да се ресетира
Ако имаш проблем при ресетирањето на лозинката, побарај го проблемот подолу:
Кога ќе ја ресетираш лозинката, треба да добиеш е-порака за ресетирање на лозинката за HBO Max во рок од неколку минути.
Ако не добиеш е-порака за ресетирање на лозинката, обиди се со следново:
Прво, пребарај ги сите папки од приемното сандаче (вклучувајќи ги „Промоции“, „Непотребна е-пошта“ и „Несакана e-пошта“) и побарај е-порака со наслов: Врска за ресетирање на твојата лозинка за HBO Max. Е-пораката ја испраќа HBO Max (HBOMax@service.hbomax.com).
Со сметката на HBO Max можеби е поврзана друга е-пошта.
Повторно обиди се со чекорите за ресетирање на лозинката со друга твоја адреса на е-пошта.
Откако ќе ја ресетираш лозинката, најави се на HBO Max со е-поштата за сметката и со новата лозинка.
Ако не добиеш е-порака за ресетирање на лозинката за HBO Max, обиди се со чекорите за ресетирање на лозинката за секоја од твоите адреси на е-пошта.
Погрешно ја напиша е-поштата или повеќе немаш пристап?
Ако е-поштата за твојата сметка содржи печатна грешка или повеќе немаш пристап до е-поштата, контактирај со нас за помош.
Ако се имаш најавено на HBO Max на некој уред, еве како да ја најдеш адресата на е-пошта:
Во HBO Max, направи едно од следниве:
Телефон, таблет или компјутер: избери го својот профил, па Сметка.
Телевизор: избери ја иконата „Поставки“
, па Сметка.
Тука ќе ја најдеш е-поштата за сметката.
Сега кога ја знаеш е-поштата за сметката, повторно обиди се со чекорите за ресетирање на лозинката.
Ако повторно не добиеш е-порака за ресетирање на лозинката, контактирај со нас за помош.
Ако врската за ресетирање на лозинката не функционира, отвори ја најновата примена е-порака за ресетирање на лозинката за HBO Max. Насловот на е-пораката за ресетирање на лозинката го содржи времето: Врска за ресетирање на лозинката за HBO Max од .
Ако тоа не помогне, обиди се на друг прелистувач. Еве како:
На друг компјутер, телефон или таблет, отвори ја најновата примена е-порака за ресетирање на лозинката за HBO Max.
Избери Ресетирај ја лозинката.
Внеси нова лозинка и избери Зачувај.
Ако сè уште не можеш да ја ресетираш лозинката, контактирај со нас за помош.
Ако добиеш порака за истечена врска, обиди се со следново:
Отвори ја најновата примена е-порака за ресетирање на лозинката за HBO Max и избери Ресетирај ја лозинката. Насловот на е-пораката за ресетирање на лозинката го содржи времето: Врска за ресетирање на лозинката за HBO Max од < време >.
Врските за ресетирање лозинки истекуваат по 24 часа откако ќе ги побараш или кога ќе побараш нова лозинка.
Не можеш да пристапиш до е-поштата?
Ако е-поштата за твојата сметка содржи печатна грешка или повеќе немаш пристап до е-поштата, контактирај со нас за помош.
Сè уште ти треба помош? Контактирај со нас за помош.