Како да го откажам HBO Max?

Работи што треба да ги знаеш

  • Претплатата на HBO Max автоматски се обновува додека не ја откажеш.

  • Претплатата не се откажува со бришење на апликацијата HBO Max.

  • Откажи ја претплатата пред следниот датум на наплата за да избегнеш идни плаќања.

Претплатите на HBO Max се достапни преку повеќе оператори. Чекорите за откажување се разликуваат во зависност од тоа кој ти наплаќа. Ако знаеш кој ти наплаќа, скокни на Чекор 2.

За да дознаеш како да го откажеш додатокот Спорт, оди на Управувај со додатокот Спорт.

Чекор 1: откриј кој ти наплаќа

Еве како да откриеш кој ти наплаќа за HBO Max:

  1. Направи едно од следниве:

    • Веб: оди на HBOMax.com/subscription и најави се (ако е потребно). Не можеш да се најавиш?

    • Телефон, таблет или компјутер: во HBO Max, избери го својот профил, па Претплата.

    • ТВ-уред: во HBO Max, избери ја иконата за Поставки запченик (долу десно), па Претплата.

  2. Тука ќе видиш преку кого ти се наплаќа основната претплата (најгоре на екранот), а преку кого додатокот Спорт (ако е применливо). Основниот пакет и додатокот Спорт може да се наплаќаат преку различни страни.

Може да провериш и во банкарските изводи или да го прашаш твојот оператор за интернет, мобилен телефон или телевизија дали ти наплаќа за HBO Max.

Чекор 2: откажи ја претплатата

Ако ти се наплаќа преку нас, еве како да ја откажеш претплатата на основниот пакет:

  1. Оди на HBOMax.com/subscription и најави се (ако е потребно). Не можеш да се најавиш?

  2. Избери Откажи ја претплатата.

    Нема опција за откажување? Види преку кого ти се наплаќа основната претплата (најгоре на екранот) и најди гo во делот Наплата преку трети страни подолу.

  3. Потврди го откажувањето и најди го датумот на истекување.

Може да гледаш додека не престане да важи претплатата на крајот на периодот на наплата. Ако го имаш додатокот Спорт, тој ќе биде откажан кога ќе престане да важи основната претплата и ќе добиеш рефундирање за преостанатите денови за додатокот.

За повеќе информации, оди на Промени ја претплатата што се наплаќа преку HBO Max.

Наплата преку трети страни

Најди преку кого ти се наплаќа основната претплата подолу:

Поврзани теми

  • Зошто ми е наплатено откако откажав?

  • Дали можам да добијам рефундирање?

Ти треба помош да се најавиш? Оди на Не можам да се најавам.